Руско - украински конфликт

Руски ракетен напад врз украинските енергетски капацитети, прогласена воздушна тревога

13.12.2024 09:59

Сирени за воздушна тревога огласени низ цела Украина. Руските ракети повторно удрија врз енергетските капацитети...

Сирени за воздушна тревога огласени низ цела Украина. Руските ракети повторно удрија врз енергетските капацитети. Експлозии низ Киев. Силите на Москва забрзано напредуваат и на копно. Се евакуира населението од Покровск откако непријателот се приближи до градот.

„Ситуација е многу тешка, градот е под постојано гранатирање. Одлуката да заминам беше многу тешка“, изјави Ирина Прохода, жителка на Покровск.

Зеленски го смени командантот на копнените сили. Киев сè уште неподготвен за преговори со Русија бидејќи нема оружје, безбедносни гаранции и меѓународниот статус што го бара-изјави шефот на кабинетот на Зеленски, Јермак.

Вашингтон најави нова воена помош од пола милион долари.