Франција

Франција доби нов премиер

13.12.2024 17:49

Лидерот на француската центристичка партија „Модем“, Франсоа Бајру денеска е назначен за нов премиер на Франција, соопшти Елисејската палата...

Лидерот на француската центристичка партија „Модем“, Франсоа Бајру денеска е назначен за нов премиер на Франција, соопшти Елисејската палата.

Бајру (73) е четвртиот премиер на Емануел Макрон за помалку од една година, а шести од 2017 година, пишуваат француските медиуми.

Тој утрово се сретна со Макрон, а подоцна во текот на денот се очекува да се сретне и со неговиот претходник Мишел Барние, на чија влада и беше изгласана недоверба пред повеќе од една недела.