Финансии

Бишев: Ако не се најде решение, Фондот ќе мора да се финансира од Буџетот

13.12.2024 14:30

Постои свесност дека недостигаат пари во ПИОМ. Ако не се најде решение, Фондот ќе мора да се финансира од Буџетот, вели претседателот на Фискалниот совет, Глигор Бишев. Од УЈП велат дека добро оди наплатата на даноците...

Пензискиот фонд има дијагноза, нема пари – предупредуваат од Фискалниот совет. Велат, терапијата треба да ја дадат надлежните, за да не се одлеваат буџетски пари за покривање на дупката за исплаќање на пензиите.

Полнењето на буџетот е стабилно, планот е исполнет и натфрлен за 2 процента до 30-ти ноември. За предлогот на бизнис-заедницата за зголемување на ДДВ-то, директорката на УЈП вели финансиската усогласеност може да се подобри со други пристапи.

Од Светска банка сметаат дека се потребни итни реформи за постепено зголемување на пензискиот придонес од 2,2 процента со истовремено зголемување на усогласеноста, воспоставување цена на јаглерод, зајакнување на даночната дициплина, следење на финансиското работење на локалните власти.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски