Индиски инвеститори заинтересирани за изградба на хотели во Дојран
Туристичката развојна зона во Дојран интересна за индиски инвеститори, но и за македонски иселеници. Новите странски инвестиции за изградба на хотели значително ќе ја збогатат туристичката понуда и ќе овозможи поголем опфат на гости во нашето најјужно одморалиште...

Индиски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во туристичко развојните зони во Дојран. Неделава, преставници на големи хотелски синџири од Индија го посетија малото туристичко место на југот од Македонија како потенцијална локација за изградба на нивни ресорти. Од општината велат, дека сега чекаат на студиите и аназлизите од потенцијалните индиски инвеститори.
„Погледнавме неколку локации. Заинтересирани се за туристичко развојните зони и за голф теренот што го имаме како предлог локација. Следат анализите, тие ќе подготват една студија и сето тоа ќе покаже на крај дали ќе инвестираат или не“, вели Борче Стамов, градоначалник на Дојран.
Стамов вели дека се во контакт и со домашни инвеститори и нашинци од страство кои сакаат својот капитал да го насочат во хотелски објекти и други капацитети во туристичките зони. Очекувањата се дека на есен веќе ќе има конкретни проекти и почеток на градежни активности. Туристичките работници сметаат дека на југоистокот му недостасува хотелска понуда за сместување на гостите од странство.
„Изградбата на нови хотелски капацитети во нашите туристички мњста треба позитивно да се одразат врз туристичкиот бизнис. Комплетната понуда на македонската вкусан храна, вода, културно историски знаменитости ќе биде комплетна кога ќе има доволно објекти за нивен престој во Македонија“, вели Силвана Дедејска, туристички работник.
Хотелите во Дојран се веќе полни во најголем дел со странски гости. Со изградба на нови сместувачки капацитети, ќе се зголеми потенцијалот на нови гостти. Лани Дојран од туристичка такса инкасира над милион и 300 илјади денари.
Катерина Давчева
