За 35% зголемен приходот на патарините

25.07.2014 16:34

Со зголемуввањето на цените на патарините приходите се зголемени за 35 %. Од денеска граѓаните преку бесплатна мобилна апликација ќе можат да видат дали има гужва на патарините, на граничните премини и да се информираат за состојбата на патиштата низ државава. Исто така на граничните премини ќе се делат и флаери на кои ќе ги има цените на патарините и каде се се наоѓаат низ државава...

Со зголемувањето на цената на патарините, се зголеми и приходот. Во изминативе 20 дена, за 35 проценти е зголемен износот на собраните пари од наплатата,покажуваат податоците на јавното претрпијатие. Во пораст е и бројот на возилата што минуваат по автопатите каде што има патарини.

„Ако средствата се зголемени за 35 проценти, а враќањето на цените од пред 2008 години беше некаде од 27 до 32 проценти, имаме зголемување на сообраќајот колку разликата, од 5,9 проценти“, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Љупчо Георѓиевски.

Ќе се прошируваат патарините кај романовце и градско. Тоа што овие две наплатни точки сесеуште тесни грла е штосе проектирани одамна според тогашната проценка на бројот на возила, објаснувагеоргиевски.. За тоа има или не метеж, ќе се знае од дома.

Преку новата мобилна апликација, граѓаните од денеска ќе можат да се информираат каква е состојбата на патарините и на граничните премини.

Во врска со различната цена што се наплаќа на патарините изразена во денари и во евра, Георѓиевски вели дека тоа се должи на провизијата што ја наплаќаат банките когасе плаќа со монети.

„Строго се води евиденција на секоја фискална сметка.на неа стои цената патарината цената во денари и цената во евра“, додава Георѓиевски.

Од денеска сите оние што ќе влазат во Македонија, на граничниот премин ќе добијат и флаер со карта и преглед на патарините, и цената на секоја од нив.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска