Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
Од УХМР велат дека во текот на денот од запад ќе се прошират повремени врнежи од дожд, а на планините ќе бидат од снег. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец...

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
По магливото утро, од УХМР велат дека во текот на денот од запад ќе се прошират повремени врнежи од дожд, а на планините ќе бидат од снег. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде од минус 5 до 1 Целзиусов степен, а во текот на денот од 2 до 10 степени.
Во Скопје денеска ќе има умерено до значително облачно време, а од пладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд. Температурата ќе се искачи до 7 степени.
