Трајков на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на Националниот совет на Македонците во Србија

14.12.2024 09:53

Заменик министерката во своето обраќање ќе ја истакне значајната улога на Националниот совет во зачувувањето на македонскиот јазик, култура и национален идентитет, како и во промовирањето на меѓусебната соработка и почит меѓу македонската заедница...

Заменик министерката за европски прашања, доцент д-р Викторија Трајков, ќе ја посети Република Србија по повод одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од формирањето на Националниот совет на Македонците во Србија. Настанот ќе се одржи во Нови Сад, град кој претставува симбол на мултиетничност и заедништво.

Заменик министерката во своето обраќање ќе ја истакне значајната улога на Националниот совет во зачувувањето на македонскиот јазик, култура и национален идентитет, како и во промовирањето на меѓусебната соработка и почит меѓу македонската заедница и српските граѓани.

Трајков ќе ја пренесе посветеноста на нашата Влада за поддршка на Македонците во дијаспората и ќе изрази благодарност за добрата соработка и поддршка од страна на српските институции во зачувувањето на македонскиот идентитет и културно наследство.

Оваа посета е уште еден чекор кон зацврстување на добрососедските односи и истакнување на улогата на македонската заедница во Србија како активен чинител во градењето на мостови меѓу двете земји.