МВР
Приведен дилер во Тетово за издржување тригодишна казна затвор
14.12.2024 11:34
Полициски службеници од СВР Тетово го привеле К.К.(43) од Тетово, кој бил барал по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги...

Вчера во 13.30 часот на улица „Штипска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле К.К.(43) од Тетово, кој бил барал по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа затвор Идризово за издржување на казната.
