Напади со беспилотни летала врз Русија и контранапад од Москва
Нападите продолжуваат да ја влошуваат напнатата ситуација, а војната меѓу двете земји продолжува да носи големи загуби за двете страни...

Украина изведе напади на неколку локации во Русија, вклучувајќи и врз магацин за гориво во централниот руски регион Орјол, што резултираше во голем пожар. Руската противвоздушна одбрана уништила неколку украински дронови во повеќе области. Еден од дроновите удрил во стаклени прозорци на куќи во селото, но не биле пријавени повредени лица. Русија, пак, како одговор лансирала 132 беспилотни летала врз Украина. Соборени биле 58 од нив, додека 72 летала биле „изгубени“ благодарение на употребата на системите за електронско попречување. Нема извештаи за поголеми штети во Украина. Нападите продолжуваат да ја влошуваат напнатата ситуација, а војната меѓу двете земји продолжува да носи големи загуби за двете страни.
„Ова беше еден од најголемите руски напади против нашиот енергетски сектор денес. 94 проектили од различни типови, крстосувачки и балистички. Соборени се 81 проектил. Имаше и речиси 200 борбени беспилотни летала. Генерално, гледаме дека русите се обидоа да го преоптоварат нашиот систем за противвоздушна одбрана, како што прават секогаш при такви масовни напади и конкретно чекаа студеното време да ги влоши работите за луѓето.“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
