Ректорот на Штипскиот универзитет се сомнева во мотивите за штрајкот

25.07.2014 16:42

На прес конференција, ректорот на Штипскиот универзитет изрази сомневање во мотивите за штрајк. Според него симптометичен е почетокот на штрајкот пред уписите на нови студенти , но и пред истекот на неговиот мандат. Професорите почнале да штрајкуваат уште пред да добијат решенија од одлуката на наставно – научниот совет, тврди Митрев. Според него секое попуштање би било преседан во високото образование.

Професорите ги скокнаа процедурите и со притисок преку штрајк изнудуваат решение, е ставот на ректорот на Штипскиот унивезитет во однос на 15-дневниот штрајк на тројцата професори од економскиот факултет.

„На овој начин, манифестирајќи сила и притисок преку штрајк, ќе се направи голем преседан во високото образование и во работата на сите универзитети во Република Македонија, секој кандидат кој е во постапка на избор во некое звање ќе мора да биде избран, во спротивно ќе следува штрајк“, изјави прфо. д-р Саша Митрев, ректор на УГД.

Каде и како е настанат проблемот ќе покаже крајот на процедурите, но што за тоа мисли Ректорот.

“Можеби, причините за негативното гласање треба да се бараат во недостатоците или во висинитоста на самите податоци кои се наоѓаат во тие рецензии. Рецензиите мораат да бидат во согласност со законот“, смета ректорот Митрев.

Инаку, професорите имаа право на жалби до советот и сенатот кои тие не ги искористија. Поради ова , ректорот се сомнева во позадината на штрајкот.

„Некогаш си помислувам, можеби Универзитетот „Гоце Делчев“ за кратко време многу порасна па почна да смета на некои структури. Се е во игра. Можеби, мојот мандат истекува за 6-7 месеци, па ова е обид за прегрупирање на самиот Универзитет, создавање на некое ново мнозинство во постапката за избор на новиот ректор“, истакна  ректорот на УГД.

Во меѓувреме, околу 60 членови на СОНК од цела држава денес во знак на поддршка дојдоа во Штип, истакнувакјќи дека целосно стојат зад барањата на професорите и не се повлекуаат се до нивното целосно исполнување, наспроти апелите на ректорот за прекин на штрајкот и почитување на процедурата.

Оливера Жежова