Презентирани измените во Законот за надворешни работи
Презентирани измените во Законот за надворешни работи. Шефот на дипломатијата, Муцунски денеска јавно зборуваше за новините. Посочи дека имало ревизија за работата на екс амбасадорот Фрчковски.

Најмалку една половина од амбасадорите што ќе ја претставуваат земјава во странство ќе треба да бидат професионални кадри. Мандатот наместо три ќе им биде 4 години, а ќе има и корекција на нивните плати заради зголемени трошоци за живот.
Ова го соопшти министерот за надворешни Муцунски, презентирајќи ги законските измени за професионализација на дипломатијата. Текстот е доставен до Владата, по што треба да го помине и собранискиот филтер.
МНР работи на пополнување на испразнетите амбасадорски места во клучните ДКП-а, а се истражува и дали поранешниот амбасадор во ОН – Фрчкоски злоупотребил јавни пари.
Новото законско решение ќе ги инкорпорира и надлежностите кои МНР ги презема со реорганизација на министерствата, односно секторите надворешна трговија и странски инвестиции.
Анита Димитријевска – Велковска
