Празниците и (не)безбедната храна
Колку е безбедна храната? Прашањето уште поитно бара одговор сега, за празниците. Агенцијата за храна и ветеринарство се пофали со уништена небезбедна храна. Но, што велат граѓаните, угостителите?..

Време е на слави, празници, прослави, седенки. Ништо без пијалак и мезе. А каква храна јадеме и колку е безбедна? Агенцијата за храна и ветеринарство ја истакна својата ажурност, последно, уништувајќи 2 тони небезбедна храна во земјава. На што наидуваат граѓаните?
Граѓаните најмалку им веруваат на маркетите, а повеќе доверба имаат во месарниците.
Од месарниците не сакаат јавно да зборуваат, ама угостителите уверуваат – ги запазуваат мерките, имаат редовни инспекциски контроли.
Празниците се повод, но не и правило. Безбедната храна е сигурно и здраво секојдневие. Најмногу за празници и прослави.
Елизабета Митреска
