Јужна Кореја

Јун Сук-Јеол нема да се повлече по гласањето за импичмент

14.12.2024 18:03

Јун Сук-Јеол вети дека нема да се повлече од функцијата откако парламентот гласаше за негово отповикување поради обидот за воведување воена состојба на 3 декември, што предизвика политичка криза во земјата...

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јеол вети дека нема да се повлече од функцијата откако парламентот гласаше за негово отповикување поради обидот за воведување воена состојба на 3 декември, што предизвика политичка криза во земјата. Јун рече дека ќе се бори до последен момент. Парламентот на Јужна Кореја поднесе декларација за импичмент на претседателот Јун до Уставниот суд и претседателската канцеларија, суспендирајќи ги неговите претседателски овластувања, а премиерот Хан Дук-Сео стана вршител на должноста претседател.

„Можеби сега ќе застанам за момент, но патувањето кон иднината, по кое одев со луѓето во изминатите две и пол години, никогаш не смее да запре. Никогаш нема да се откажам. Критиките, охрабрувањата и поддршката упатени кон мене, ќе дадам се од себе за земјата до последен момент“, изјави Јун Сук-Јеол - претседател на Јижна Кореја.