Израел

Нападнат штаб на Хамас сместен во училиште

14.12.2024 19:13

Според информациите „терористите“ планирале да го нападнат Израел и дека командниот штаб на групата бил изграден во комплекс што претходно служел како училиште во градот Газа...

Израелската војска повторно нападнала команден центар на палестинската исламистичка група Хамас, скриен во училиште. Според информациите „терористите“ планирале да го нападнат Израел и дека командниот штаб на групата бил изграден во комплекс што претходно служел како училиште во градот Газа.

Израел постојано тврди дека Хамас се крие во цивилни структури, како што се училишта и болници, и ги користи Палестинците како жив штит, што е кршење на меѓународното право. Армијата презеде мерки за намалување на ризиците за цивилите.