Од денеска почнува новогодишната кошничка
Во неа се очекува над 800 производи со пониски цени за 10 проценти. Тие на полиците во маркетите треба да бидат обележани со налепница и лого „помалку трошоци, повеќе за тебе“....

Од денеска стартува акцијата новогодишна кошница. Во неа се очекува над 800 производи со пониски цени за 10 проценти. Тие на полиците во маркетите треба да бидат обележани со налепница и лого „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
Најавени се контроли од Државниот пазарен инспекторат кој веќе неколку дена ги мониторира цените за да утврди евентуални неправилности. Владата очекува акцијата да го заштити семејниот буџет во услови на зголемени цени на прехранбените производи.
Граѓаните се надеваат со поевтини производи до побогата празнична трпеза, власта ги повика да пријавата нерегуларности и манипулации од трговците.
