ЕУ

Нон-пејпер на Словенија и Германија до ЕУ

15.12.2024 10:40

Словенечката министерка за надворешни и европски работи Тања Фајон вели дека со оваа иницијатива ќе се забрза целиот процес на проширување на Европската Унија...

Словенија и Германија подготвиле нон-пејпер во кој се предвидува укинување на можноста за вето и блокади во претпристапниот процес во ЕУ.

Словенечката министерка за надворешни и европски работи Тања Фајон вели дека со оваа иницијатива ќе се забрза целиот процес на проширување на Европската Унија, за да нема премногу можности за вето поради билатерални прашања.