Цените на храната на зелените пазари во нагорна линија
Дали новогодишната кошница ќе влијае на намалување на цените на овошјето и зеленчукот на зелените пазари. Граѓаните се скептични дека тоа ќе се случи, а производителите категорични дека и со овие цени заработката е слаба. Со вака мало домашно производство за очекување е цената на храната да расте, велат експертите...

Цените на храната на зелените пазари оди во нагорна линија. За дел од граѓаните сезонското овошје и зеленчук станува луксуз.
Производителите велат, нема простор за намалување – со овие цени сме на раб на рентабилноста
Скапото овошје и зеленчук е последица на слабата понуда на домашни производи
Владината акција „Новогодишна кошница“ треба да ги намали цените на околу 900 производи во маркетите за десет насто, но како и претходните мерки намалувањето не се однесува на зелените пазари.
Славица Величковска
