Струмица

Училишта во Босилово добија фотоволтаици и сами произведуваат електрична енергија

15.12.2024 12:27

Две училишта во Босилово со поддршка на Бугарската амбасада во земјава добија фотоволтаици и произведуваат електрична енергија. Локалните власти планираат оваа енергија да ја претворат и во топлинска за да може училиштата се загреваат и во иднина да не се користи огревно дрво....

Училиштата во Босилово и Турново со финансиска поддршка на бугарската амбасада станаа енергетско независни објекти. Тие добија фотоволтаични панели и почнаа да произведуваат електрична енергија. Општинските власти планираат оваа енергија да ја претворат и во топлинска за затоплување на објектите и да не се користи во иднина огревно дрво

Амбасадорот на Бугарија во земјава Жељазко Радуков изрази задоволство што како соседи помогнале на мала општина да ги исполни двата приоритети на ЕУ – искористувањето на обновливи извори на енергија и заштита на животната средина

Општина Босилово летово со поддршка на Центарот за развој на Југоистокот енергетско независно го направи и школото во Секирник. Градоначалникот Манчев побара од државата да најде начин да се откупи вишокот енергија што ја произведуваат јавните институции што е став на повеќе општини.

 

Ване Трајков