Економија

Започнува акцијата „новогодишна кошничка“

15.12.2024 16:36

Од денеска стартува новогодишната кошничка, граѓаните ќе можат да набават поевтини производи за 10% за околу 1.000 производи. Трговците кои мамат, институциите повикуваат граѓаните да ги пријавуваат. Борис Грујоски беше на терен низ маркетите...

Лебот, месото, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, житариците, безалкохолните и алкохолните пијалаци и уште 1.000 производи од сега ќе се продаваат за 10% поевтино. Стартуваше мерката „Новогодишна кошничка“, за која граѓаните се надеваат дека ќе има ефект, а трговците тоа ќе го почитуваат. Едни со душа чекаат да купат поевтино, а други пак, се песимисти дека ќе има реално намалување на артиклите.

„Новогодишна кошничка“ под лупа на инспекцијата. Пазарните инспектори вршат мониторинг за да се види дали трговците навистина ги намалиле цените на прехранбените производи. Првиот човек на Пазарниот инспекторат за МТВ вели дека мора да се почитува мерката. Се надева дека нема да има манипулации.

Листата на производи кои се дел од оваа кошница може да се најде на интернет-страницата моја.кошница.мк.

Потрошувачите доколку забележат неправилности да ги пријават на 191, апелираат од ДПИ.

Мерката ќе трае од 15 декември до 15 јануари.

 

Борис Грујоски