Бан Ки-мун апелира за прекин на судирите меѓу Израел и Хамас
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денес упати апел до Израел и Хамас да ги прекинат судирите и остро да го осудат гранатирањето на училиште на ОН во Газа.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денес упати апел до Израел и Хамас да ги прекинат судирите и остро да го осудат гранатирањето на училиште на ОН во Газа.
„Шокиран сум и вџашен од тоа што се случи во Беит Ханоун“, рече Бан Ки-мун за вчерашното загинување на 16 луѓе, меѓу кои имаше претставници на ОН и седум деца.
„Тоа е целосно неприфатливо. Инцидентот покажува колку е нужно да се воспостави примирје и да заврши судирот во кој загинаа 760 Палестинци. Им порачувам и на Израел и на Хамас, на Палестинците, дека е неморално да го убиваат својот народ. Морате да ги прекинете борбите и да почнете разговори. Без оглед на меѓусебните разлики, тоа е погрешно“, рече Бан пред да се сретне со американскиот државен секретар Џон Кери во Каиро.
Израелските медиуми објавија дека Кери подготвил нов предлог за примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, кој е претставен на двете страни и со кој се предвидува привремен прекин на огнот на една недела за да можат израелските сили да се повлечат од Појасот Газа. Двете страни се повикуваат да отпочнат преговори за траен договор со посредство на Египет. Во разговорите би учествувало и палестинското раководство.
