Децата во Сирија се вратија на училиште
Училиштата во Сирија ги отворија вратите за настава. Новите лидерите пред огромни предизвици за обнова и напредок на земјата. Претставникот во Обединетите нации побара итно укинување на западните санкции...

Децата се вратија во училниците во Сирија, откако властите наредија училиштата повторно да се отворат, како силен знак на одредена нормалност една недела, откако опозициските борци го освоија главниот град во драматичното соборување на претседателот Башар Ал Асад.
Новиот Де факто лидер на земјата, Ахмад Ал Шара, се соочува со огромен предизвик да ја обнови Сирија по 13 години војна, во која загинаа стотици илјади луѓе.
Официјалните лица изјавиле дека повеќето училишта се отвораат низ целата земја во недела, првиот ден од работната недела во повеќето арапски држави. Сепак, некои родители не ги испраќаа своите деца на часови поради неизвесност околу ситуацијата во Сирија.
