МВР
Синоќа нова полициска акција за сузбивање криминални групи
16.12.2024 08:21
Извршени претреси во Арачиново и во Чаир, но и во други градови низ земјава. Неофицијално, уапсени членови на нарко-картели, но нивниот број и идентитет засега не се откриваат...

Доцна синоќа нова полициска акција за сузбивање криминални групи. Извршени претреси во Арачиново и во Чаир, но и во други градови низ земјава. Неофицијално, уапсени членови на нарко-картели, но нивниот број и идентитет засега не се откриваат.
Претходно, во Струга и во Гостивар беа уапсени четири лица, дел од терористичка организација. Подготвувале напади во и надвор од државава.
