Јужна Кореја

Претседателот Јун Сук Јеол на сослушување на 27 декември

16.12.2024 08:26

Уставниот суд на Јужна Кореја го одреди 27 декември како датум на подготвително рочиште за сослушување пред судењето за импичмент на претседателот Јун Сук Јеол...

Уставниот суд на Јужна Кореја го одреди 27 декември како датум на подготвително рочиште за сослушување пред судењето за импичмент на претседателот Јун Сук Јеол.

„На ова рочиште судот ќе добие истражен извештај од обвинителството и полицијата. Идентитетот на главниот судија ќе остане тајна“, изјави Ли Џин службеник за односи со јавноста на Уставниот суд.

Истовремено, лидерот на владејачката партија на Јун поднесе оставка. Се извини на народот кој страдаше во страв, но истакна дека злосторствата на опозицијата не можат да се оправдаат.

„Само затоа што воената состојба беше погрешна, законодавната тиранија и злосторствата на Демократската партија и нејзиниот лидер Ли Јае-Мјунг не може да се оправдаат. Тајмерот за судењето на Ли сè уште отчукува“, изјави Хан Донг-Хун, поранешен лидер на владејачката партија.

Уставниот суд има рок до 180 дена да одлучи дали ќе го разреши Јун од претседателската функција или ќе му ги врати овластувањата. Ако тој биде сменет од функцијата, националните избори за неговиот наследник треба да се одржат во рок од 60 дена.