Блиски Исток

Израел изврши нови напади во Газа и во Сирија

16.12.2024 08:34

Масовни воздушни ракетирање и врз воени локации во сирискиот регион Тартус. Тел Авив реши да ги удвои израелските населби во окупираната Голанска Висорамнина за да се спротивстави на можните закани...

Израел изврши нов напад врз уште едно училиште во Газа со што бројот на жртви во изминатото деноноќните достигна речиси 70, меѓу нив и медиумски работник. Масовни воздушни ракетирање и врз воени локации во сирискиот регион Тартус. Тел Авив реши да ги удвои израелските населби во окупираната Голанска Висорамнина за да се спротивстави на можните закани. За Ирак, Саудиска Арабија и ОАЕ, одлуката е закана за натамошна ескалација и тензии во регионот. Нетанјаху тврди-не сака конфликт со Сирија.

„Немаме интерес да се спротивставиме на Сирија. Политиката ќе ја одредиме според реалноста што се појавува на теренот. Сирија со децении беше активен непријател, не напаѓаше, им дозволи на другите да не нападнат, на Иран му дозволи да ги вооружи милитантите преку нивна територија. Затоа остануваме посветени да го спречиме повторното вооружување на Хезболах“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Шефот на иранската револуционерна гарда се закани дека Израел ќе плати висока цена и ќе биде погребан во Сирија. Истовремено, бунтовничките сили во земјата продолжуваат со обидите за нормализација и враќање на безбедноста по низата грабежи и напади врз безбедносните и владините згради.