Брисел

Во Брисел состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

16.12.2024 10:22

Последните случувања на Блискиот Исток, војната во Украина, протестите и полициското насилство во Грузија-високо на агендата на состанокот на европските министри за надворешни работи во Брисел...

Последните случувања на Блискиот Исток, војната во Украина, протестите и полициското насилство во Грузија-високо на агендата на состанокот на европските министри за надворешни работи во Брисел.

Со состанокот за првпат претседава новата шефица на европската дипломатија Каја Калас, на кој се очекува да биде усвоен 15-иот пакет санкции за Русија, вклучувајќи ги и санкциите за севернокорејските претставници, како и кинеските компании кои ја овозможуваат војната во Украина.