Со „пајак“ отстранети 155 возила минатата недела во општина Центар
Претпријатието и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, со цел да се доведат во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општината...

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Сообраќајната полиција – Скопје од 9 до 15 декември, со специјалните возила „пајак“ отстранија 155 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат утрово од ова претпријатие.
Како што се додава во соопштението, претпријатието и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, со цел да се доведат во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општината.
