Македонија

Нова кривична пријава против Мерко за „несовесно работење во службата“

16.12.2024 17:45

Мерко на 30-ти мај 2018-та и на први април годинава со решение, библиотекарот го именувал за директор на основното училиште во селото Подгорци, иако знаел дека нема соодветно образование и не исполнува повеќе законски услови, информираа од МВР.

Полицијата поднесе кривична пријава против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, поради основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Мерко на 30-ти мај 2018-та и на први април годинава со решение, библиотекарот го именувал за директор на основното училиште во селото Подгорци, иако знаел дека нема соодветно образование и не исполнува повеќе законски услови, информираа од МВР.

Неправилностите биле утврдени при контрола на Државниот просветен инспектор, при што дополнително било констатирано дека струшкиот градоначалник не објавил оглас за избор на директор со што било овозможено на лицето противправно да му бидат исплатени плата и придонеси.