Македонија

Полициски претреси во домовите на Груби и екс-директорот на Лотарија, Бајрами

16.12.2024 11:35

Според информациите, претрес е извршен и во домот на поранешниот вицепремиер Артан Груби, како и кај поранешниот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами. И двајцата не се пронајдени во нивните домови.

Полициски службеници од изутрината вршат претреси на повеќе локации поради постоење сомнежи за сторен организиран криминал во државната лотарија. Претрес е извршен и во домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и кај екс-директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами, но не биле најдени во нивните домови.

На Фејсбук се огласи Артан Груби, кој ги нарече шпекулации наводите дека избегал на Косово. Вели дека редовно патувал со неговите патни исправи и за тоа е известено и неговото лично полициско обезбедување. Додава и дека веднаш штом ќе ги заврши обврските за кои отпатувал, ќе се врати дома.

Како што информираат повеќе медиуми, постојат сомнежи дека Бајрами уште од пред неколку месеци се наоѓа во Косово. При претресот во домот на Бајрами, полицијата нашла и запленила готовина од околу 50 илјади швајцарски франци.