Германија
Бундестагот гласа за доверба на владата на Шолц
16.12.2024 11:50
Во Бундестагот се гласа доверба на владата на германскиот канцелар Шолц...

Во Бундестагот се гласа доверба на владата на германскиот канцелар Шолц на негово претходно барање по распадот на коалицијата, што формално ќе го отвори патот за парламентарни избори предвидени за 23-ти февруари со надеж дека ќе може да се надмине политичката криза во земјата и да освои втор мандат.
Се очекува Шолц да го изгуби гласањето по што ќе следува предлог за распуштање на Бундестагот. Според анкетите, Фридрих Мерц, главниот кандидат на конзервативната опозициска алијанса ЦДУ-ЦСУ на поранешната канцеларка Ангела Меркел, е во голема предност.
