Борба со криминалот

МВР попладне ќе соопшти детали за акцијата во Чаир и Арачиново

16.12.2024 11:56

Се шпекулира дека во акцијата паднале членови на нарко кланови кои биле инволвирани не само во транспорт на дрога, туку и во вооружени престрелки во изминатиот период.

Полицијата доцна синоќа спровела акција на неколку локации низ земјава за приведување на сторители на кривични дела. Чаир и Арачиново во скопскиот регион се дел од локациите каде се вршеле проверки и претреси, а според информациите, имало и уапсени.

МВР попладне ќе соопшти детали за акцијата. Се шпекулира дека во акцијата паднале членови на нарко кланови кои биле инволвирани не само во транспорт на дрога, туку и во вооружени престрелки во изминатиот период.