Кривичен суд
Ново рочиште за убиството на Вања и Панче
16.12.2024 13:16
Се испитуваат сведоци на предлог на Обвинителството. Судењето продолжи со сведочење на вишиот инспектор Елвис Ибрахими и сведокот Тодорче Ѓорѓиевски од Единицата за економски и компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи...

Продолжи судењето за убиството на четиринаесет годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Се испитуваат сведоци на предлог на Обвинителството. Судењето продолжи со сведочење на вишиот инспектор Елвис Ибрахими и сведокот Тодорче Ѓорѓиевски од Единицата за економски и компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, кои биле присутни при претресот на домот на обвинетиот Љупчо Палевски.
Анита Димитријевска-Велковска е пред Кривичниот суд.
