РКЕ

Нови цени на горивата од полноќ

16.12.2024 14:10

Од утре има нова, повисока цена на сите типови горива, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Од утре има нова, повисока цена на сите типови горива, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 од утре се зголемува за 0,5 денари, и ќе изнесува 76,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе се продава поскапо за 1 денар, и ќе изнесува 79 денари по литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе поскапи за 0,5 денари и ќе изнесува 70,5 денари.

Цената на екстралесното масло за домаќинство останува непроменета 69,5 денари. Цената на мазутот останува иста 45,8 денари по килограм.