В петок ново рочиште за двојното убиство, сведокот Гоце Трајковски недостапен за органите на прогонот
И кај двајцата сведоци, одбраната и обвинителството се фокусираше на прашањето дали некој од домашните го користел мобилниот телефон за јавување, односно дали вртел кон бројот на убиеното девојче...

Денеска во Кривичниот суд продолжи рочиштето за двојното убиство. Се сослушуваа сведоци на обвинителството. Исказ дадоа двајца припадници на МВР кои минатиот декември вршеле претрес во домот на Блажо Палевски, брат на првообвинетиот.
И кај двајцата сведоци, одбраната и обвинителството се фокусираше на прашањето дали некој од домашните го користел мобилниот телефон за јавување, односно дали вртел кон бројот на убиеното девојче. Сведоците тврдеа дека за време на претресот им биле одземени телефонските апарати и ѕвонења по луѓе, вклучително и кон бројот на Вања немало.
Одбраната стави приговор на двата исказа, бараат да се расчисти дилемата кој ѕвонел на бројот на Вања, бидејќи листите од телефонските повици обезбедени како доказ, сугерираат дека имало ѕвонење кон бројот на Вања. Одбраната тврди дека ѕвонеле полициските инспектори со цел да проверат дали случајно телефонот на Вања ќе заѕвони во близина.
Рочиштето за двојното убиство продолжува во петок со изведување на материјални докази. Дотогаш судот ќе се обиде да го обезбеди Гоце Трајковски како сведок, кој иако требаше да биде сослушан денеска, не се појави во судница затоа што е недостапен за органите на прогонот.
Анита Димитријевска- Велковска
