Кам бек на Дрогба во Челзи

25.07.2014 20:59

И официјално Дидие Дрогба и се враќа на својата стара љубов Челзи. На интернет страницата на англискиот премиерлигаш со задоволство вечерва е објавено дека интернационалецот од Брегот на слоновата коска потпишал едногодишен договор.

Искусниот голгетер кој е четврти стрелец во историјата на „сините“ од Стемфорд Бриџ, во клубот во кој мина осум години и направи светска кариера, најверојатно ќе ја заврши кариерата.

Се претпоставува дека Дрогба по оваа сезона ќе почне тренерска кариера и ќе му биде асистент на актуелниот стратег на Челзи Жозе Мурињо.