Новогодишна кошница

Над илјада производи со ограничени цени

16.12.2024 16:10

Над илјада производи во новогодишната кошница. Расте интересот на компании да се приклучат во акцијата која стартуваше вчера. Понудените производи се со пониски цени од најмалку 10 проценти. Министерот Дурмиши со апел доколку граѓаните имаат забелешки да пријават до Државниот пазарен инспекторат...

Над 1.000 производи, меѓу кои основните лебот, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, се продаваат за 10% поевтино. Стартуваше мерката „Новогодишна кошничка“.

Потрошувачите доколку забележат неправилности да ги пријават на 191.

Листата на производи може да се најде на „моја.кошница.мк“.

Од СДСМ реагираат – кошничката е измама, инфлацијата од 4,3% во ноември покажува дека цените се веќе покачени.

„Измамата со таканаречената новогодишна кошничка е во веќе покачените цени на производите на храна и пијалак, кои граѓаните ги сведочат во маркетите изминатиов период. Очигледно е дека за новогодишните празници кошничките на граѓаните ќе останат празни, а полни ќе бидат само касите на трговците“, велат од СДСМ.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски