Не се очекуваат отпуштања, можен е намален обем на работа
Во Владата состанок на Советот на странски инвеститори со премиерот Христијан Мицкоски. Кризата во Германија внесе стравувања во Македонија. Можно е да се намали обемот на работа кај некои фирми за производство на автомобилски делови кои работат кај нас…

Ќе нема отпуштања, но можно е да се намали обемот на работа кај некои фирми за производство на автомобилски делови кои работат кај нас. Кризата во Германија внесе стравувања во Македонија.
Странските компании во земјава кои реализирале профит би требало да плаќаат данок со цел да се усогласат со македонското законодавство и глобалниот корпоративен данок – ова беше една од темите на средбата помеѓу премиерот Мицкоски и Советот на странски инвеститори.
Власта не размислува за зголемување на ДДВ-то, буџетот ќе се полни преку сузбивање на сивата економија.
Осум инвестиции од над 700 милиони евра и 2.800 вработувања за неполни шест месеци-Владата направи пресметка на средбата со странските инвеститори.
Александра Велинова
