Напредува руската офанзива долж целата линија на фронтот
Руската офанзива напредува долж целата линија на фронтот во Украина, изјави рускиот претседател Путин. Состојбата е повеќе од тешка за нас, потврди украинскиот претседател Зеленски. Жителите на областа Доњецк се евакуираат подлабоко во земјата, најдоа засолниште во Дњепропетровск. Во сенка на војната, православна Украина го прославува претстојниот празник Божик, 25-ти овој месец, по менувањето на календарот од јулијански во грегоријански …

Над 190 населени места во Украина се под контрола на руската армија. Жителите на Доњецк, под закана од офанзивата на Покровск, бегаат кон Дњепропетровск. Цело мало гратче од шест илјади бегалци е во засолништата.
„Не сакав да си заминам, им реков овде ќе умрам. Сепак со сила ме евакуираа. Овде добив облека, сега имам и обувки“, вели Љубов Борода-евакуирана жителка на Константинопол.
„Состојбата е тешка во Покровск. Третиот ден не издржав, и викнав на мајка ми: не можам да спијам, не можам веќе“, додава Артем Савељев, евакуиран жител на Покровск.
Зеленски признава дека состојбата на фронтот е неиздржлива, но на Украина сепак ѝ треба гарантиран мир. Запад постојано се обидува да не принуди да ги преминеме црвените линии, порача Путин.
„Состојбата на правците Покровск и Кураков е тешка. Но, на војниците им порачувам, нивните резултати ќе бидат и наши во дипломатијата. Ни треба сигурен и гарантиран мир“, изјави Володимир Зеленски-претседател на Украина.
„Не помалку загрижувачка е американската активност за распоредување на крајно прецизното оружје во првата борбена линија со дострел од 5.500 километри. Истовремено, ги распоредија и ракетните системи во Европа и во Азиско-пацифичкиот регион“, нагласи Владимир Путин-претседател на Русија.
Во сенка на војната, украинците се подготвуваат за претстојните празници. Во Лавов, хуманитарни акции за семејствата на војниците.
„Ги купив сите подароци, особено за децата.“
„И покрај тоа што војната е сè уште во тек, се надевам дека набрзо ќе заврши“, велат жители на Лавов.
Православна Украина го прославува Божик на 25-ти декември, по вторпат во изминатиот век, откако лани го призна пресметувањето на времето според грегоријанскиот календар.
Зоран Богатинов
