Тошковски: Кривична пријава против поранешен премиер и поранешен вицепремиер
Осуммина под истрага за злоупотреби во Државна лотарија и проневера на над 8 милиони евра. Министерот Тошковски откри – била поднесена пријава против поранешните премиер и вицепремиер, Ковачевски и Груби, како и некогашниот директор Бајрами. Обвинителството како осомничени води шестмина.

Државната лотарија, иако немала дозвола за електронско и интернет коцкање си купила апарати. Обвинителството отвори истрага за проневера на над 8 милиони евра. Кривични пријави се поднесени против шестмина, меѓу кои поранешниот вицепремиер Артан Груби и неговиот тогашен шеф, премиерот Димитар Ковачевски, како и за екс-директорот на лотарија Перпарим Бајрами.
Докази, со судски налог се собираа на 9 локации во Скопје и кумановско, меѓу кои и домот на Груби. Поранешниот вицепремиер преку социјалните мрежи порача дека е на Косово, но ќе се врати дома. На тоа го повика и министерот Тошковски.
Интегративците преку соопштение ја повикаа ВМРО-ДПМНЕ да престане со, како што велат, инструментализација на институциите. Премиерот, пак, порача дека сите криминални случаи ќе бидат обелоденети.
МВР ќе проверува и како Груби отишол на Косово. Иницијално се утврдени пропусти во работата на граничната полиција.
Анита Димитријевска – Велковска
