ГЕРМАНИЈА
Во Бундестагот изгласана недоверба на Шолц, со што се отвора патот за предвремени избори
16.12.2024 18:12
Германскиот Бундестаг му изгласа недоверба на канцеларот Олаф Шолц. Од вкупно 717 гласа, 207 му дадоа доверба на Шолц, 394 не, а 116 беа воздржани...

Германскиот Бундестаг му изгласа недоверба на канцеларот Олаф Шолц. Од вкупно 717 гласа, 207 му дадоа доверба на Шолц, 394 не, а 116 беа воздржани.
Планот на Шолц беше да ја изгуби довербата за да го отвори патот за нови избори на 23-ти февруари.
Трипартиската коалиција на Шолц пропадна минатиот месец откако либералните Слободни демократи се повлекоа од кабинетот, оставајќи ги неговите социјалдемократи и зелените без парламентарно мнозинство, токму додека Германија се соочува со продлабочена економска криза.
