Здравство

Седуммесечно бебе синоќа починало на скопската Детска клиника

16.12.2024 18:23

Директорот Мемеди вели дека имало генетски проблем, како и оштетени повеќе органи.

Седуммесечно бебе синоќа починало на интензивната нега на Детската клиника. Директорот Мемеди вели дека имало генетски проблем, како и оштетени повеќе органи. Според него, биле запазени сите процедури и немало лекарска грешка.

Телото на бебето е предадено на обдукција.