Евроинтеграции

Пријатели на Западен Балкан: Време е за решителен напредок во евроинтеграцијата на регионот

16.12.2024 18:50

Министрите за надворешни работи и за европски прашања на Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија, собрани во групата Пријатели на Западен Балкан, испратија писмо до шефицата на европската дипломатијата Калас и комесарката за проширување Кос.

„Време е за решителен напредок во евроинтеграцијата на Западен Балкан“ – министрите за надворешни работи и за европски прашања на Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија, собрани во групата Пријатели на Западен Балкан, испратија писмо до шефицата на европската дипломатијата Калас и комесарката за проширување Кос.

Порачаа дека само со интегрирање на регионот во европското семејство може да се обезбеди стабилност и просперитет на континентот и затоа, бараат подинамичен, кредибилен и ефикасен процес на проширување.

Претседателот на Советот, Кошта, рече дека проширувањето кон Западен Балкан е најважната геополитичка инвестиција за ЕУ.