Временска прогноза

Наутро студено, преку денот сончево

17.12.2024 07:59

Ќе дува слаб ветер од северозападен правец...

Преку денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.