Седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум
Асоцијација која ги обединува шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, денеска во Скопје ќе ја одржи 33-та седница, на која домаќин ќе биде потпретседателот на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески...

Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), асоцијација која ги обединува шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, денеска во Скопје ќе ја одржи 33-та седница, на која домаќин ќе биде потпретседателот на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески.
На седницата, како што соопштија од Стопанска комора на Северна Македонија, лидерите на коморите од регионот ќе дискутираат за клучните приоритети во активностите на Коморскиот инвестициски форум во 2025 година, имајќи го во вид отпочнувањето на примената на новиот Акциски план за Заеднички регионален пазар, во кој КИФ е активно вклучен во структурата на управување со процесот во однос на имплементацијата и надгледувањето на мерките предводени од приватниот сектор.
