Владата ја усвои програмата за одбележување на 2 Август
Од „Од сон до сонце“ е логото под кое што ќе биде одбележан празникот.

Она што го изградиле нашите предци е најцврстиот темел врз основа на кој што ја градиме нашата иднина, сонот за којшто тие се бореа е слободата којашто ја живееме сите ние денеска. Да продолжиме да се движиме напред кон сигурна иднина затоа што секоја наша победа денеска е нов Илинден за следните поколенија, е пораката која ја испрати портпаролот на владата Александар Ѓорѓиев претставувајќи ја програмата за одбележување на големиот македонски државен празник 2 – ри август. Од „Од сон до сонце“ е логото под кое што ќе биде одбележан празникот.
„Самата програма предвидува поголем број на активности, коишто се од спротски, културен, образовен и државнички карактер, врз основа на коишто сакаме во еден период од седум дена, започнувајќи од понеделник, 28 јули, да дадеме еден акцент на одбележвањето на овој значаен празник и на тој начин да се потсетиме на вредностите коишто самиот празник ги носи“, рече Алексадар Ѓорѓиев, портпарол на владата.
