Македонија

Меморандум за соработка на Граѓанската коалиција за борба против злоупотреба на урбано зеленило

17.12.2024 08:23

Претставници на граѓански организации, институции, експерти и граѓани, како што се посочува, ќе се здружат за да може поефикасно да се води борбата против корупцијата во урбанистичкото планирање и градење...

Меморандум за соработка на Граѓанската коалиција за борба против злоупотреба на урбано зеленило, ќе биде потпишан денеска во 13 часот во Кино Кисела Вода, во истоимената скопска општина.

Претставници на граѓански организации, институции, експерти и граѓани, како што се посочува, ќе се здружат за да може поефикасно да се води борбата против корупцијата во урбанистичкото планирање и градење, поради која неповратно се уништува урбаното зеленило, за сметка на интензивна и нехумана урбанизација и бетонизација на просторот.

Активноста е на „Зелен институт“, во партнерство со „Изгрејсонце“, во рамки на спроведување на проектот „ГРАЃАНИТЕ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“, во рамките на програмата „Граѓаните против корупцијата (ГПК)“ – „Грантови и градење на капацитети“.

Финансирањето е обезбедено од МЦМС, со средства од американскиот народ преку УСАИД.

 

 

 

 

Фото:/ Зелен институт