Први јавни коментари на соборениот лидер Асад
Први јавни коментари на соборениот сириски лидер Асад објавени на социјалните мрежи...

Први јавни коментари на соборениот сириски лидер Асад објавени на социјалните мрежи. Тврди дека немал намера да ја напушти земјата и планирал да продолжи со борба откако во координација со руските сојузници бил префрлен во базата во Латакија. Сепак, Москва решила да го премести во Русија откако објектот бил нападнат.
„Во ниту еден момент за време на овие настани не размислував да се повлечам или да барам засолниште, ниту пак таков предлог дал некој поединец или партија. Не ја напуштив земјата како дел од планот како што беше објавено претходно. Единствениот начин на дејствување беше да се продолжи со борбата против терористичкиот напад“, тврди Асад во неговото соопштение.
Жителите на Дамаск скептични околу неговите тврдења.
„Секој кој е паметен знае дека тој многу одамна го напуштил својот народ“, изјави Амал ал Калди, сириска жителка на Дамаск.
„Многу е очигледно дека планирал да ги згрижи своите деца и сопругата во Русија, за ако народот и војската го напуштат, да може да побегне кај нив“, изјави Мохамед ал-Харири, сириски државјанин од Дара.
Новата преодна сириска влада ја повика Москва да го преиспита своето присуство во земјата додека конвој руски воени возила беа забележани како се повлекуваат од базата во Латакија кон Тартус.
