Украина

Борби наспроти мировни напори

17.12.2024 08:34

Интензивните борби во Украина продолжуваат. Руските сили се обидуваат да го заземат Курахов во Доњецката област...

Интензивните борби во Украина продолжуваат. Руските сили се обидуваат да го заземат Курахов во Доњецката област. Жестоко и на фронтот во Курск. Најмалку 30 севернокорејски војници се убиени-тврди Киев. Зеленски вели дека догодина мора да завладее сигурен мир. Во Брисел усвоен 15-иот пакет санкции за Русија.

„Колку се потешки санкциите за Русија, толку побрзо ќе се вклучат во вистинска дипломатија. Следната година треба да биде време на мир – траен мир. Благодарен сум на сите партнери кои помагаат. Силната и координирана работа е најважна работа“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Не се согласуваме со „шеми“ за замрзнување на конфликтот-вели рускиот амбасадор во ООН. Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да разговара со рускиот колега Путин, за да се запре војната во Украина, но посочи дека и Зеленски треба да се подготви за склучување мировен договор.