15-годишната Натали Рупноу е напаѓачот од Медисон
Властите на Висконсин ја идентификуваа 15-годишната тинејџерка како Натали Рупноу која усмрти две лица во христијанско училиште во Медисон...

Властите на Висконсин ја идентификуваа 15-годишната тинејџерка како Натали Рупноу која усмрти две лица во христијанско училиште во Медисон. Според информациите на полицијата, таа отворила оган во студиската сала, убивајќи наставник и соученик и ранувајќи уште шест лица пред да се самоубие. Мотивот за нападот и како стигнала до оружје сè уште се истражува.
„Од шестмината повредени, двајца студенти се во критична состојба. Сè уште работиме на утврдување на мотивот. Разговараме со нејзините родителите кои соработуваат за да се утврди дали биле сопственици на оружје и дали имале пиштоли“, изјави Шон Барнс, началник на полицискиот оддел во Медисон.
Во училиштето учеле 390 деца, од градинка до 12-то одделение.
