Вануату

Земјотрес со јачина од 7,3 степени е регистриран на островот Вануату

17.12.2024 08:55

Потврдени се огромни штети на објектите, вклучително и во дипломатскиот комплекс во главниот град Порт Вила во кој се наоѓаат претставништвата на САД и западните земји.

Разорен земјотрес со јачина од 7,3 степени по Рихтер и длабочина од 10 километри е регистриран во близина на брегот на островот Вануату во јужниот дел на Тихиот Океан. Според локалните медиуми има жртви. Потврдени се огромни штети на објектите, вклучително и во дипломатскиот комплекс во главниот град Порт Вила во кој се наоѓаат претставништвата на САД и западните земји. Од земјотресот се урнати мостови, а предизвикани се и свлечишта.

„Имаме зграда која се запали и се сруши во центарот на градот. Немам вести за бројот на жртви оттаму. Разговарав со полицаец кој ми потврди една жртва. Не можам да шпекулирам за бројот на луѓе кои би можеле да се под урнатините, сè што можеме е да се надеваме на најдоброто“, изјави Ден МекГари - медиумски директор на Вануату „Дејли Пост“

Два часа по потресот властите го повлекоа предупредувањето за цунами.