Мементо за земјотресот во Скопје
Денеска 51 година по катастрофалниот земјотрес Скопје се сеќава...

На 26-ти јули 1963 година, Скопје беше разбудено од силен татнеж, крцкања, кршења, уривања. Големата катаклизма го урна овој прекрасен град и го направи прав и пепел. Денеска 51 година по катастрофалниот земјотрес Скопје се сеќава.
„Се сеќавам, една ноќ прележав под рушевини, дури другиот ден ме извадија околу пладне, и тоа еден војник од Босна кој служеше во Скопје“, вели еден скопјанец кој го преживал зејотресот.
„Јас бев во Велес а имав сестра медицинска сестра, и одма со првиот автобус дојдов во Скопје. Барај, барај, ја нема, ја најдов само оставена нејзината ташна а таа отишла кај колешката да спие. И така цел ден барав и ништо не најдов“, вели скопјанец кој не успеал да ја пронајде сопствената сестра под рушевините.
Тања Сарандеска
